По кусо боледување денеска почина основачот и сопственик на радиото Канал 77 и на Македонската медиумска мрежа, Горан Гаврилов на 54-годишна возраст. Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.
Гаврилов беше пионер во медиумскиот простор на Македонија по осамостојувањето. Неговото Радио Канал 77 годинава одбележува 30 години од основањето на 4 октомври 1991 година.