Државниот завод за статистика ги отфрла пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот поради состојбата со коронавирусот.
„Заводот забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови. Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021“, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.
Мицкоски со писмо до амбасадорите бара помош за одложување на пописот
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот поради неповолната епидемиолошка состојба во земјава, а Левица почна кампања за бојкот на пописот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во писмо до меѓународната заедница напишал дела пописот треба да се одложи за во септември, а локалните избори да се одржат во првата половина на ноември за да се минимизира штетата по јавното здравје.
Академик Абдулменаф Беџети исто така изрази сомнеж дека пописот ќе почне на 1 април.