Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска информираше дека „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе достават дополнителни четири милиони дози од нивната вакцина во Европската Унија (ЕУ) во следните две недели за да се борат против ширењето на мутирани варијанти на коронавирус.
„Со насочена употреба, таму каде што се најпотребни, особено во пограничните региони, овие дози исто така ќе помогнат да се обезбеди или обнови слободното движење на стоки и луѓе“, рече дер Лајен.
Комисијата очекува вкупно околу 100 милиони дози од сите одобрени вакцини да бидат доставени до европскиот блок до крајот на март. Извршната власт на ЕУ објави дека преговара за зголемување на дозите за да можат членовите да ги користат во области каде постои страв од ширење на заразни варијанти на коронавирус.
ЕУ ги отфрла обвинувањата за „национализам со вакцините“
Австрискиот Тирол, Ница и Мозел во Франција, Болзано во Италија, делови од Баварија и Саксонија во Германија забележаа нагло зголемување на бројот на инфицирани и хоспитализирани од коронавирус во последните неколку недели, соопшти Комисијата. Во некои случаи, ова доведе до ограничување на движењето во слободната зона на ЕУ.