Министерството за здравство денеска информираше дека во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“ за здравствените работници, а во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, пренесе МИА. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
„Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата“, соопшти Министерството за здарвство.
Филипче: Ова е многу силен бран, барам разбирање и поддршка
Инаку, вакцина против Ковид-19 до денеска примиле 3.759 здравствени работници. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ се направени 76.990 пријави. Од страна на матични лекари направени се 53.473 анкети. Досега вкупно се пријавени 61.908 лица над 70 години, преку сајт и од матичен лекар.