Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 872 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.394 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 108.350. Починати се 22 пациенти во изминатото деноноќие сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 3.228 лица.
Во моментов во земјава има 9.300 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 459, а потоа следуваат Кавадарци со 35, Прилеп 51,, Куманово, Битола и Охрид по 33 Неготино и Берово по 15, Велес 14, Тетово 31...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 412 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 95.822 лица од почетокот на епидемијата.
Утре во 22 часот почнува полициски час
Владата на денешната седница одлучи од утревечер, 10 март, со почеток во 22 часот да биде воведен полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот.
Предлогот е на Комисијата за заразни болести, а министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека барањето се должело поради нецелосното почитување на дел од анти ковид мерките, особено поради собири после 22 часот и недозволени групирања.