Во извештајот на Фридом хаус „Слободата во светот“ објавен денеска, Северна Македонија иако бележи пораст од три поени од претходниот извештај и натаму е во групата на земји со делумна слобода. Во извештајот се наведува дека бројот на земјите назначени како неслободни достигна највисоко ниво.