Предложениот пакет мерки од американскиот претседател Џо Бајден во вредност од еден билион и 900 милијарди долари денеска е одобрен од Претставничкиот дом. Предлог законот помина со добиени 219 гласови „за“ наспротив 212 гласови „против“. Ниту еден републиканец не гласаше за нацрт законот.
Предлог законот преминува на разгледување во Сенатот каде што мнозинството се демократи. Но во Сенатот веќе е блокиран клучен елемент, а тоа е звојното зголемување на минималната плата во САД на 15 долари на час.
Бајден водеше кампања за зголемување на националната минимална плата од 7, 25 долари на 15 долари на час. Во пакетот се предвидени пари за зајакнување на испораката на вакцини, да им помогне на училиштата повторно да се отворат, како и директна помош за Американците кои се соочуваат со потешкотии.
Предвидени се надоместоци за невраотеност и мораториум на извршување на банкарски гаранции со иселување на милиони луѓе кои не можат да си ги платат кредитите за домување или киријата. Бајден изјави дека пакетот ќе им помогне на Американците кои се борат со економските последици од здравствената криза. Републиканците тврдат дека пакетот е прекумерен и дека вклучува поотики кои не се повразни со пандемијата.