Мы в Telegram
Добавить новость

11-летнняя девочка ранена в результате атаки дрона в Белгороде

Дни Минской области на ВДНХ: белорусская хата и макет Кургана Славы

Суд отправил топ-менеджера «дочки» РЖД под домашний арест за мошенничество

Экспериментальная станция СКИФа получила комплект линз из Калининграда



World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Тајното планинско одморалиште на претседателот на Узбекистан

Во октомври 2018 година, во Охрангон, 65 километри југоисточно од узбекистанскиот главен град Ташкент, можеа да се видат работници како ги поправаат патиштата и го поправаат главниот градски пат. На фасадите им беше даден нов слој на боја, а излозите беа наместени како „селата на Потемкин“. Беше јасно дека некој важен доаѓа во градот.

Во градот се шушкаше дека претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев е таа мистериозна „важна личност“ - и дека тој можеби го носи рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да престојува во официјална посета на Узбекистан. „Никој официјално нема да го каже тоа. Но, имаше гласини дека Мирзијоев доаѓа на 18 октомври“, изјави за РСЕ во тоа време локален официјален претставник во Узбекистан. Службеникот, под услов на анонимност, додаде дека српски работници „изградија нова резиденција за претседателот во планинското одморалиште на Охангарон“.

„Постои претпоставка дека Мирзијоев оди таму. Но, мислам дека тој мора да оди таму со хеликоптер. Покрај тоа, исто така има гласини дека тој ќе дојде во Охангарон со Путин", рече официјалното лице. Неговото тврдење за изградбата на летна куќа беше точно: комплексот беше навистина изграден во ридовите во идилична клисура позната како Шовозсој, покрај бреговите на истоимената планинска река.

Поминаа повеќе од две години од завршувањето на комплексот, а узбекистанската влада се уште нема објавено никакви детали за тоа. Сепак, истражување на узбекистанската РСЕ откри значителни и веродостојни докази дека ексклузивното и тајно одморалиште, заедно со вештачко езеро, е изградено за потребите на Мирзијоев - по цена што според проценката на неколку извори запознати со градбата, е неколку стотици милиони долари.

Одморалиштето, до кое јавноста нема пристап поради блокади на патиштата и безбедносните мерки, не е споменато во владиниот декрет за управување со официјалните претседателски резиденции, објавен во март 2019 година. Но, неколку извори велат дека во комплексот има вила што ја користи Мирзијоев. Еден бизнисмен ја опиша внатрешноста како наметливо украсена и скапо опремена со мебел увезен од Италија. Исто така, планинското скривалиште има хелиодроми, а како и неколку други официјални резиденции на узбекистанскиот претседател, се наоѓа во една од шесте официјални зони каде што летот е забранет.

Вработен во Узбекистанската агенција за цивилно воздухопловство рече дека тие зони опфаќаат „претежно претседателски резиденции“. Колку е мистериозна локацијата, покажува и фактот дека новинарите не успеале да добијат ниту една фотографија од комплексот, од блиску. Неколку работници вклучени во изградбата рекоа дека им биле одземени мобилните телефони пред да влезат во комплексот. Сателитските слики и корпоративниот документ во кој се споменуваат работите укажуваат на тоа дека изградбата на објектот започна во февруари 2017 година, помалку од два месеца откако Мирзијоев ја презеде претседателската функција.

По преземањето на претседателската функција во 2016 година, тој вети поголема транспарентност и повнимателно трошење на парите на даночните обврзници, претставувајќи се како спротивност на неговиот претходник, покојниот диктатор Ислам Каримов. „Ние мора да примениме ефикасен систем на донесување одлуки, заснован на транспарентност во јавната администрација“, им рече Мирзијоев на пратениците во своето годишно обраќање во декември 2017 година, додавајќи дека „транспарентноста и отчетноста се важни услови за успешно формирање на државниот апарат“.

Сепак, практично нема достапни информации за тоа колку народни пари биле истурени во одморалиштето, кое се наоѓа во заштитен природен резерват под контрола на државната железничка компанија. Семејствата што живееја во оваа област беа иселени, а нивните домови беа урнати за да се направи место за одморалиште.

Локалното население кое живее низводно од комплексот се пожали на недостиг на вода затоа што покрај одморалиштето беше изградено вештачко езеро. Сите извори кои се согласиле да разговараат со новинари за време на истрагата, го сториле тоа под услов да останат анонимни, со образложение дека стравуваат од работодавачите. Неодамна се зборуваше за наводен таен и луксузен имот на Црното Море, за кој рускиот опозициски политичар Алексеј Навални тврди дека му припаѓа на Владимир Путин. Приказната помогна во протестите за поддршка на Навални, кој е во притвор. Имотот, сместен во близина на руското одморалиште Геленџик, го доби прекарот „Палата на Путин“, а локалното население го нарече тајниот имот во Узбекистан „Дача (викендичка) на Мирзијоев “.

„Рај за ловџиите“

Планинското одморалиште се наоѓа покрај реката Шовозсој, над селата Јартош и Сарисујун во областа Охангарон во узбекистанскиот регион Ташкент. Овие села, заедно со околните планински реки, биле заштитени за време на советската ера и владеењето на Каримов. Локалните жители исто така велат дека советските лидери Никита Хрушчов и Леонид Брежњев доаѓале да ловат во областа. „Местото одамна е популарно кај љубителите на ловот поради изобилството на диви свињи, елени и фазани“, изјави за РСЕ човек кој работел како овчар во оваа област.

Официјален претставник на узбекистанската влада посочува дека Мирзијоев знаел колку е убава и ексклузивна областа на Шовозсој, од времето кога тој беше премиер - од 2003 до 2016 година. Во 2010 година, Мирзијоев потпиша указ за изградба на „пат од државно значење“ до Шовозсој. И до април 2013 година, локалните планинари веќе зборуваа за наводното преземање на областа од страна на државната узбекистанска железничка компанија и блокада на патот. Веќе во август 2014 година, сателитските снимки покажуваат структура налик на куќа со црвен покрив опкружена со парк, во област што подоцна ќе стане одморалиште.

Добротворна организација во Узбекистан проневерила донации за борба против ковид-19

Владин службеник кој вели дека го посетил ловиштето за РСЕ изјави дека тогашниот директор на узбекистанските железници, Ахилбој Раматов, „изгради луксузно ловиште“. Раматов, кој ја презеде функцијата прв заменик-премиер на Узбекистан во 2016 година, е познат како близок соработник на Мирзијоев и истакнат градежен магнат. Раматов не одговори на истрагата на РСЕ. Но, 90-годишна жена, во јуни 2017 година се пожали на Мирзијоев дека Раматов и двајца соработници „ловат диви животни и ѝ нанесуваат огромна штета на природата. Кој им даде такво право?“, напиша таа.

Работа од утро до вечер

Во февруари 2017 година, помалку од еден месец откако Мирзијоев одржа говор во парламентот во кој истакна дека народните пари треба да се трошат внимателно, плановите за изградба на тајно одморалиште во Шовозсој веќе беа во тек. Ова го покажува годишниот извештај на Боштранслојих, компанија која е клучна подружница на узбекистанските железници и главниот владин институт за тестирање и дизајнирање патишта.

На 7 февруари 2017 година, Институтот Боштранслојих се согласи да изврши „топографски работи“ за втората гранка на узбекистанските железници, според записите на компанијата. Договорот се однесуваше на „изградба на рекреативна област на територијата на шумското земјиште во Шовозсој“ - стои во еден од само неколку јавно достапни документи во кои се споменува одморалиштето.

Неколку месеци по договорот, хелиодромот, градежните работи и уредувањето на работите веќе беа видливи преку сателит. Следната година, пет месеци пред официјалната посета на Путин, премиерот Абдулах Арипов официјално прогласи Државен резерват за биосфери Угом-Чоткол, на 43.000 хектари заштитено земјиште што го вклучуваше местото на комплексот Шовозсој. Управувањето со таа област помина со декрет во рацете на националните железници, со кои управува Раматов. Со тој указ, Раматов беше официјално назначен за еден од двајцата управители на резерватот, кој исто така вклучува 11.000 хектари од областа позната како Босшкизилсој, која е дел од западен Тиен Шан под заштита на УНЕСКО.

Останува нејасно зошто на државните железници би им била доверена грижата за толку голема територија на заштитено земјиште. За одлуката на узбекистанските власти се заинтересира и УНЕСКО, кој побара од узбекистанската влада да ја „разјасни улогата“ на компанијата во заштитата на Бошкизилсој и да го процени „можното влијание врз зачувувањето на исклучителната универзална вредност“ на Тиен Шан. Узбекистан делумно одговори, велејќи дека „не се планира изградба во тампон-зоната околу локалитетот (Бошкизилсој)“ и дека нема планови за „други активности што можат да влијаат врз универзалната вредност на областа“.

Арипов дозволи други активности во резерватот, со друг декрет во декември 2018 година. Во него се наведува дека „не е планирана изградба на подрачјето на Бошкизилсој“, додека ограничена комерцијална активност е дозволена во тампон-зоната широка еден километар и во т.н. „транзиционата зона“, која го сочинува остатокот од природниот резерват. Одморалиштето Шовозсој се наоѓа во преодната зона, каде што е дозволена изградба на одредени рекреативни објекти.

Во декретот на Арипов од декември 2018 година се вели дека активностите преземени во зоната на транзиција не треба да „штетат на природните одлики и екосистемот на природниот резерват“. Додека Арипов го издаде указот, одморалиштето и вештачкото езеро во областа Шовозсој веќе беа во голема мерка изградени.

Барањата на РСЕ за коментар, испратени до кабинетите на Арипов и Мирзијоев, останаа неодговорени, како и оние до железниците на Узбекистан. Според градителите кои биле директно вклучени во изградбата на одморалиштето, главниот дел од работите на локацијата завршиле во 2018 година со огромна брзина. „Сите работеа дење и ноќе за да завршат поголем дел од вилата пред Путин да пристигне во Узбекистан. Луѓето на многу високи позиции го забрзаа целиот процес“, рече еден работник, мислејќи на Арипов и милијардерот Алишер Усманов, тајкун близок на Кремљ, кој не одговори на истрагата на РСЕ. Друг извор, локален официјален претставник, исто така го спомена Усманов, велејќи дека „сите во Охангарон веруваат дека Путин, Мирзијоев и Усманов биле транспортирани со хеликоптер до одморалиштето Шовозсој и назад“.

Кремљ не одговори на барањето на РСЕ за коментар. На официјалната веб-страница на Кремљ, како и страницата на кабинетот на Мирзијоев, не се споменува каква било посета на двајцата лидери на шумската област Шовозсој за време на официјалната посета на рускиот претседател на Узбекистан во октомври 2018 година.

Скриено финансирање и италијански луксуз

Останува нејасно точно колку народни пари биле потрошени за планинскиот имот на Мирзијоев. Новинарите можеа да најдат само неколку јавно достапни финансиски записи кои го идентификуваат проектот по име, а според тие документи, вредноста на делата е само околу 544.000 американски долари. Узбекистанските железници никогаш не ја обелоденија сумата потрошена за комплексот Шовозсој, а новинарите пронајдоа само една хартија во која државната компанија го спомена постоењето на проектот.

Корона кризата го јакне влијанието на Кина во Централна Азија

Во јули 2018 година, откако беше пополнето вештачкото езеро, компанијата објави тендер „за испорака на материјали за изградба на објект за рекреација на територијата на шумското земјиште Шовозсој“. Компанијата не се споменува на друго место на веб-страницата на компанијата, ниту е спомената во годишните извештаи и деловните планови од 2017 до 2019 година. Во тој период, компанијата потроши 1,5 милијарди долари за изградба и поправки, од кои 1,1 милијарда долари беа потрошени за изградба на нови објекти, според годишните извештаи. Во истиот период, според извештаите, компанијата доби 374,7 милиони долари меѓународни заеми.

Годишните извештаи за тој период исто така бележат вкупно 301,8 милиони долари во „други трошоци“. Не е јасно дали финансирањето на одморалиштето Шовозсој е вклучено во овие бројки. Узбекистанските железници не одговорија на прашања. Новинарите успеаја да идентификуваат вкупно шест компании, сите во државна сопственост, вклучени во договорите поврзани со изградбата на комплексот.

Тоа се узбекистанските железници и нивната подружница „Тоштемириолојха“, „Кишлокенерголојха“, која дизајнира постројки за електрична енергија и електрификација на руралните области, Боштранслојха - владиниот институт за истражување и дизајнирање на транспорт, регионалните електрични мрежи во Ташкент и „Хидропроект“, кој е под контрола на државната компанија „Узбекид хидро“.

Официјален претставник од Ташкент, запознат со проектот, рече дека изградбата на одморалиштето веројатно чини „најмалку неколку стотици милиони долари“. Во меѓувреме, изведувачот на таа локација верува дека изградбата на комплексот и вештачкото езеро чинеле најмалку милијарда долари.

Тие проценки вклучуваат правење вештачко езеро, уредување на простории, градежни комплекси, патишта и големи згради, вклучувајќи вила, наводно, изградена за Мирзијоев. „Ние самите бевме сведоци на голема работа и употреба на скапи материјали, од копање планински патишта до пејзажна архитектура. Од огромна количина ексклузивен мермер до украсни растенија донесени од странство“, вели еден од изворите.

Узбекистански бизнисмен, кој вели дека ја видел внатрешноста на вилата, рече дека ентериерот е исполнет со златни детали и „мебел направен по мерка директно од Италија“. Надворешната трговија покажува дека извозот на мебел од Италија во Узбекистан се зголемил во 2018 година во споредба со претходната година. Според работниците, во 2018 година одморалиштето Шовозсој главно било завршено. Од овие податоци, не е можно да се утврди колку - доколку има - увезен италијански мебел за одморалиштето Шовозсој, бидејќи нема имиња на италијански компании кои извезувале мебел или увозници во Узбекистан.

Видео на Навални за „Палатата на Путин“ од милијарда долари

Кога истражувањето на тимот на Алексеј Навални за наводната „Палата на Путин“ на руското црноморско крајбрежје одекна како бомба, се тврдеше дека имотот е опремен со луксузен италијански мебел. Една од италијанските компании за мебел споменати во истрагата на Навални, Поцоли, потврди дека ги извезувала своите производи во Узбекистан, но одби да даде повеќе детали. Државниот службеник, кој рече дека го посетил местото во последната фаза од изградбата, опишува дека таму е изградена „мала Австрија“ - наводно со скијачки терени, базени, сауни, теретана, кино, лозја, амфитеатар и „ огромен украсен аранжман“. Новинарите не можеа да ги потврдат овие детали, иако сателитските снимки покажаа значителна работа за уредување.

Сателитските снимки, исто така, го потврдуваат временскиот распоред на работите презентирани од неколку градители, кои тврдат дека работеле на локацијата и дека градењето започнало уште пред финализирање на проектот и планска документација. „Требаше да се изгради нов, многу поширок пат, кој ќе биде прилагоден на густиот сообраќај и беше направено многу минирање на планините за да се расчисти патот“, изјави за узбекистанската служба РСЕ еден градежник кој работеше директно на оваа локација. Друг извор кој учествувал во изградбата изјавил дека биле донесени германски архитекти, како и компании од Русија, Балканот и други земји.

Тој рече дека комуникациската инфраструктура, како и електричните и вентилационите работи, првенствено ги извршила компанијата Ентер инженеринг, основана во Сингапур и во сопственост на узбекистанскиот бизнисмен Бахтјор Фозилов, која ја доби државната награда за „несебична услуга“ од Мирзијоев во 2019 година. Работникот додава дека бетонските и челичните конструкции биле обезбедени од компанијата Бинокор Темир-Бетон Сервис, узбекистански огранок на компанијата Ориент Груп, чиј акционер е Оибек Умаров - брат на зетот на Мирзијоев.

И другите филијали на Групата Ориент исто така беа вклучени во изградбата на одморалиштето, забележува тој. „Повеќе од 2.000 работници беа ангажирани за време на раните фази на изградбата, кога се извршуваше тешка и валкана работа. Повеќето работници беа вработени од узбекистанскиот регион Кашкадарија и живееја во привремени контејнери изградени на градилиштето“, вели градежниот работник, додавајќи дека тие работеле „од зори до мрак“.

Една руска компанија на својата веб-страница презентира дека извршила работи на „рекреативен објект на шумската територија на Шовозсој“. Компанијата Бригенерго, со седиште во градот Уфа, извршуваше и други деловни активности во Узбекистан. Тие исто така споменуваат дека нивниот купувач е „Ентер инженеринг“, компанија што градежниот работник ја навела како изведувач на проектот. Прашањата испратени на адресите на „Ентер инженеринг“, „Ориент груп“ и одморалиштето „Бригенерго“, останаа неодговорени.

„Не се спротивставувај на претседателот“

Шест месеци по пополнувањето на вештачкото езеро покрај комплексот Шовозсој, премиерот Абдулах Арипов издаде декрет со кој се регулира што е дозволено во тој природен резерват. Декретот им овозможува на безбедносните работници да носат службено оружје додека се на должност и да ги проверуваат документите на лицата кои се наоѓаат на територијата на резерватот, како и да ги претресуваат, прегледуваат нивните предмети и возила. „Од 2018 година, патот до врвот е затворен за обичните луѓе.

Безбедноста околу одморалиштето е толку силна што е невозможно да му се пријде од десетици километри. Нашите пасишта беа заградени со бодликава жица. Ако нашиот добиток успее да помине бодликав жица некаде, тие ни изрекуваат големи казни“, изјави локален овчар за узбекистанската служба на РСЕ. Некои локални ловџии кои имаат дозвола за лов изјавија дека добиле официјален одговор на нивните поплаки дека државата ја презела областа на шумата Шовозсој. Еден од ловџиите рече дека оние што се жалеле биле предупредени „да не одат против високата политика, да не му се спротивставуваат на претседателот“.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

SHOT: Светлану Светличную госпитализировали с болезнями лёгких и почек

Ковальчук и Чумаков поженили пару из Ульяновска

Нижегородские предприниматели и политики выступили с благотворительным спектаклем в Москве

Сразу несколько самолетов не смогли совершить посадку во Владивостоке

Музыкальные новости

Ульгэр обучает ПДД: Россия, Культура, Театр и Дети

«Просто не афиширую»: куда пропала Волочкова с театральной сцены

Наследие Шаляпина и Рахманинова представили на выставке-форуме «Россия»

Гунга Чимитов в театре кукол Улэгэр - Россия, Культура, Театр, дети

Новости России

Одинокие и несчастные: женщины с этими именами живут без любви и семейного счастья

«Там будет несколько проще»: фигуристка Морозов может сменить спортивное гражданство и начать выступать за сборную США

Известный российский актер Иван Колесников раскритиковал Париж

Собянин рассказал о развитии инновационной экосистемы Москвы

Экология в России и мире

Команда ювелирной сети «585*ЗОЛОТОЙ» приняла участие в благотворительном забеге от фонда «Антон тут рядом»

Выездной Фотограф для всех желающих, ну и конечно Артистов и Музыкантов.

Как поделиться местоположением в WhatsApp: пошаговое руководство

МОСКОВСКИЙ ФЕСТИВАЛЬ ПОД ФЛАГОМ РУССКИХ СУПЕРГЕРОЕВ.

Спорт в России и мире

Шнайдер вышла в финал турнира WTA-125 в Париже, обыграв Грачёву

Потапова не смогла пробиться во второй круг турнира WTA в Страсбурге

Российский теннисист Медведев опустится на строчку в рейтинге ATP

Сумасшедший матч «Реала», Медведев опустился в рейтинге ATP. Главное к утру

Moscow.media

В деле об убийстве в Екатеринбурге шестилетнего мальчика появился третий фигурант

АО «ДиМ» демонтировало 40% старого путепровода над железнодорожными путями

Подтверждена совместимость облачной платформы SpaceVM и операционной системы AlterOS

После дождя...











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Сразу несколько самолетов не смогли совершить посадку во Владивостоке

В Египте установили один из ключевых элементов на энергоблоке 1 АЭС Эль-Дабаа

Одинокие и несчастные: женщины с этими именами живут без любви и семейного счастья

Ковальчук и Чумаков поженили пару из Ульяновска