Министерството за здравство денеска информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19. Новозаразени најмногу има во Скопје- 170, а двоцифрени бројки заболени има и во Прилеп – 62, Кавадарци - 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11 и Гевгелија – 10.
Филипче – Половина од новозаразените со ковид-19 имаат од британската мутација на вирусот
Пријавени се вкупно 19 починати лица, а од нив како што информираат од Министерството за здравство, шест лица починале во тек на месеците ноември-декември. Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови. Регистрирани се 244 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.