„Кога би се обиделе некако да ги дефинираме, ми се чини дека сепак финалните текстови малку повеќе гравитираат кон литерарен, отколку кон новинарски жанр“, вели писателот Васко Марковски за својата нова книга со репортажи „Непозната Македонија“ што како издание на „Бегемот“ се појави неодамна.