Кога ДПМНЕ беа на власт поднесуваа кривични пријави за да ја заплашат јавноста, а сега ги поднесуваат за да ја замајуваат. Но мотивот за денешните пријави е друг, објави на својот фејсбук профил Министерката за одбрана Радмила Шекеринска,
До ова доаѓа по информацијата од Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ дека до Основното јавно обвинителство поднеле кривична пријава против министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за „злоупотреба на функцијата и класифицирани документи за лична и партиска промоција“
Ковачки: Кривична за Шекеринска за злоупотреба на доверливи документи
Според Шекеринска, причина за поднесените кривични пријави е нервоза и тоа од две причини.
"Првата е што против лицето кое одлучи да биде партиски, а не армиски војник се води дисциплинска постапка поради закани кон началникот на Генералштабот на Армијата. Нешто што е незамисливо за офицер во било која Армија. Втората е што наскоро согласно измените во Законот за служба во Армијата, тој ќе треба да одлучи дали ќе ја соблече армиската униформа бидејќи му е поважна партиската, вели Шекеринска.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, денеска информираше дека поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, во ОЈО поднеле три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во министерството за одбрана.