Донесена е наредба за спроведување истражна постапка во врска со случајот Еуростандард банка против четири лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка и перење пари.
Реакција на Народна банка и УФП по изјавата на Муареми за истрагата за „Еуростандард банка“
Како што соопшти Јавното обвинителство, ваквата наредба е донесена од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тие се сомничат дека не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на Народната банка со што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката и придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби. Тие исто така се осомничени дека во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки и во Управата за финансиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист.