Десетици илјади луѓе се собраа во Мјанмар денеска да го осудат неодамнешниот пуч и да побараат ослободување на избраната премиерка Аунг Сан Су Ќи, на најголемите протести од револуцијата во 2007 година, кои помогнаа во транзицијата кон демократијата.
На вториот ден од широко распространетите протести против воената хунта, луѓети во најголемиот град Јангон, носат црвени кошули, црвените знамиња и црвени балони, боја што ја претставува партијата на Националната лига за демократија на Су Ќи (НЛД). Тие скандираат: „Не сакаме воена диктатура! Ние сакаме демократија! “
Војската во Мјанмар, ја презеде власта во раните утрински часови на 1 февруари, и со тоа предизвикува и меѓународен гнев.
Мјанмар го исклучи интернетот
Агенциите јавуваат дека денешните протести се многу поголеми од вчерашните кога десетици илјади излегоа на улиците на првите масовни протести против пучот и покрај блокадата на Интернет нарачана од хунтата.