Авганистанската полиција соопшти дека најмалку три лица, вклучително и припадници на авганистанската хинду-заедница, се убиени, а други четворица се ранети во три одделни експлозии во Кабул.
Првата експлозија се случи изутрината во продавница во областа Баг-е Кази каде се урна зграда од тули од кал, соопштија полициските власти. Втора експлозија се случи на истото место, малку подоцна, додека полицијата и локалните жители беа зафатени со помагање на ранетите во првата експлозија. Најмалку двајца цивили, вклучително и еден авганистански хинду, загинаа во инцидентите.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите. Во минатото, милитантите поврзани со екстремистичката група Исламска држава (ИД) презедоа одговорност за голем број смртоносни напади врз авганистанските хинду и сики заедници, како и шиитските муслимани во земјата во која е зафатена војната.
Во посебен напад денеска бомба прикачена на полициски автомобил пукна во северен Кабул, при што загина еден припадник на безбедносните сили. Нападот се случил во областа Хесе Авл, соопштија властите.