Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 373 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.107 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 93.882. Починати се 7 пациенти во изминатото деноноќие, шест во болнички и еден во домашни услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е моментално е 2.900 лица.
Во моментов во земјава има 7.558 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 161, а потоа следуваат Кавадарци со 34, Охрид со 23, Куманово 12, Тетово 15, Прилеп 15...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 638 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 83.424 лица од почетокот на епидемијата во февруари оваа година.