Подготовките за второто судење за импичмент на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се подготвува оваа недела. Трамп се обидува да подготви одбрана во услови на несогласувања во неговиот правен тим. Тој денеска треба да поднесе одговор на обвинението за импичмент. Во изминатиот викенд Трамп го замени својот главен правен советник. Неговиот нов тим, предводен од адвокатите Дејвид Шен и Брус Кастор, ќе има нешто повеќе од една недела да се подготви пред почетокот на судењето на 9 февруари.
Скоро сите републиканци во Сенатот гласаа против судењето за импичмент на Трамп
Демократите мора да убедат најмалку 17 од 50-те републиканци на американскиот Сенат дека Трамп е виновен за поттикнување приврзаници да го нападнат Капитолот на 6 јануари во неуспешен обид да спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во ноември. Пет лица загинаа во хаосот. Демократите во Претставничкиот дом, ќе треба да достават краток претрес во кој ќе го утврдат нивниот случај против Трамп. Тие, исто така, треба да посочат веднаш во вторник дали планираат да повикаат сведоци. Одговорот на Трамп на обвинението најверојатно ќе покаже дали тој ќе продолжи неосновано да тврди дека изгубил на претседателските избори заради раширената измама на гласачите. Бројни федерални и државни судови ги отфрлија овие тврдења.