Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19.
Најмногу од нив во Скопје 35, а регистрирани случаи има и во Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1, Крива Паланка – 1 . Регистрирани се 440 оздравени пациенти. Починати се 11 лица, сите во болнички услови.
Во Македонија нема нови рестрикции и покрај мутациите на ковид-19
Со ова вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.