Повеќе од четири децении Охрид е под заштита на УНЕСКО како Светско природно и културно наследство, поради неговите величествени убавини. Но, во последните години, градот, езерото и целиот регион се под ризик од несоодветна урбанизација, инфраструктурни проекти, дивоградби и загадување на животната средина. УНЕСКО испрати неколку извештаи до македонските власти во кои апелира да запрат таквите активности, бидејќи во спротивно Охридскиот регион е под закана да го загуби статусот.