Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека ќе се набави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.
„Вчера испративме писмо до Европската комисија за резервација на оваа терапија. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас. Овој лек го набавуваме со помош на кредитот од Светска банка“, изјави Филипче.
Ако не овој февруари, ќе се вакцинираме другиот март
Владата по вчерашната седница соопшти дека е започната постапката за набавка на дополнителни 200 илјади единечни дози на вакцини против ковид-19. Владата преку Министерството за здравство, според соопштението, е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари.