ЈП „Македонски шуми“ годишно сече до 600.000 метри кубни огревно дрво, според достапните податоци. Истовремено, домакинствата и јавните установи трошат до 1,6 милиони метри кубни дрво. Разликата, од еден милион метри кубни, влегува во џебовите на дрвокрадците, покажуваат истражувањата на невладиниот сектор.