Бројот на смртни случаи од ковид-19 на дневно ниво достигна нов рекорд во Соединетите Американски Држави (САД). Властите во САД вчера потврдија 4.327 смртни случаи на Ковид-19, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Претходниот највисок дневен биланс беше регистриран на седми јануари со 4.194 смртни случаи.
Во САД, каде живеат околу 330 милиони жители, околу 22,8 милиони луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а повеќе од 380.000 пациенти починале како последица на заразата.