Астра Зенека поднесе барање до Европската агенција за лекови (ЕМА)за одобрување на вакцината против ковид 19, која британската компанија за лекови ја разви во соработка со Универзитетот во Оксфорд.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ќе го забрза процесот на проценката и дека одлука може да биде донесена до 29 јануари.
Доколку вакцината на Астра Зенека биде одобрена од регулаторот со седиште во Амстердам таа ќе стане третата вакцина против коронавирусот достапна во 27-те земји на Европската унија, покрај вакцините на "Фајзер" и на "Модерна".
ЕУ и ЕМА се под притисок да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини против коронавирусот, кој однесе над 620 000 животи ширум континентот.
Мицотакис до ЕУ: Вакцинален сертификат за слободно движење
Вакцината на Оксфорд-АстраЗенека е веќе одобрена во неколку земји, вклучувајќи ги Аргентина, Велика Британија и Индија.