Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
Со ковид калкулатор до поголема заштита на работниците
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопштуваат од Министерството за здравство.