Бионтек (BioNTch), која е партнер на компанијата Фајзер во производството на вакцина против Ковид-19, ја зголеми целта да испорача две милијарди дози во 2021 година, за разлика од претходната проценка од 1,3 милијарди дози, бидејќи ќе воведе нова производствена линија, пренесува Ројтерс.
Посебните шприцеви биле клучни за зголемувањето, што ќе резултира со тоа милијарда луѓе да го добијат предвидениот режим од две дози, наведе Бионтек во презентација објавена на 11 јануари.
Шприцевите овозможуваат издвојување на шест дози од стандарното шише, наместо вообичаените пет со што се избегнува неикористената течност која останува во шприцот.
„Сега веруваме дека потенцијално можеме да испорачаме скоро две милијарди дози до крајот на 2021 година, што вклучува обновена етикета од шест дози“, соопшти Бионтек.
Дополнителниот капацитет на обавувачите, кои ја снабдуваат состојката и готовата супстанца ја полнат во шишињата, исто така помогнал во зголемувањето на капацитетот на производство.
Бионтек исто така смета на започнување на производство на вакцини на друга локација во Европа, која се очекува во февруари во Марбург, во Германија.
Компанијата Бионтек наведе дека во неделата биле испорачани 32,9 милиони дози.