Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива оцени дека најавата за нов предлог-закон за државјанство е тенденциозна и има за цел да го попречи носењето на нивниот предлог закон, кој е во собраниска постапка. Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Владата ќе предложи нов предлог-закон за државјанство.
Од Коалицијата бараат СДСМ јавно да се изјасни дали го поддржува предлог-законот на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Пред пописот во април, до државјанство што побрзо и со сведоци
„После вчерашната изјава на Оливер Спасовски дека негативното мислење на Министерството за внатрешни работи ја има поддршката и на неговиот заменик Назим Буши од ДУИ, бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог законот за кој првично се изјаснија дека го подржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши“, соопштуваат од Алијансата и Алтернатива.