Во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. Починати се 10 лица, тројца пациенти од Прилеп, двајца пациенти од Скопје и од Штип и по еден од Куманово, од Охрид и од Радовиш. Пациентите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти.
Хирург од Кочани починал од компликации од ковид-19
Во болниците во земјата се лекуваат 883 пациенти со ковид-19
Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704.