„Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа. Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее“, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер по повод синоќешните немири во Вашингтон кога приврзаници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот додека се вршеше верификација на гласовите од изборите.
„Тоа е единствениот начин да се продолжи напред“, вели Заев во пораката на Твитер.
Пендаровски изрази солидарност со американските граѓани
Во нередите во Вашингтон животот го загубија 4 лица, а солидарност со американскиот народ изрази и претседателот Стево Пендаровски.