Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во скопските болници има 375 ковид пациенти и 120 слободни места
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на мерката за носење заштитна опрема за лице изнесува 20 евра.