Папата Франциск ја прифати оставката на католичкиот бискуп од Минск, соопшти денеска Ватикан.
На бискупот Тадеуш Кондусиевич му беше дозволено да се врати во Белорусија минатиот месец, откако беше запрен на граница при обид да влезе во земјата од Полска, каде што го критикуваше задушувањето на опозициските протести по спорните претседателски избори во август, на кои Александар Лукашенко повторно прогласи победа.
Белорускиот католички лидер се враќа во земјата по присилениот егзил
Ватикан соопшти дека оставката е во согласност со кодексот кој им дозволува на бискупите да се пензионираат на 75 години.
Кондрусиевич, кој е белоруски државјанин, во интервју за радио додека беше во Полска повика на окончување на полициското насилство против демонстрантите кои бараат оставка од Лукашенко.
Лукашенко во ноември го обвини бискупот за заговор за „уништување на земјата“.
Десетици илјади луѓе речиси секојдневно протестираат во Белорусија барајќи оставка на Лукашенко.
Католицизмот е втора најголема религија во земјата по православието.