Премиерот Зоран Заев информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња.
„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.
Едно дете загинало во земјотресот во Петриња кај Загреб
Во земјотресот на 46 километри од Загреб со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала загина едно девојче. Голем број куќи и јавни објекти во Петриња се урнати, а спасувачки екипи се сегде низ градот.