Владата го разгледува предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот, соопшти денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа. Тој на прес конференција во Владата денеска истакна дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смееме да се одложува.
„Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за одржување на пописот во април 2021 година. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција под мониторинг на Евростат“, заклучи Хоџа