Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 10 илјади апарати за проверка на отпечаток има за цел да се одложи пописот смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа денеска изјави дека кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис.
„Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги рушеше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“. Оваа држава не може веќе ништо да планира и не може да личи на сериозна држава ако уште еднаш го одлага пописот, изјави Шекеринска по отворањето на стрелиштетот на Армијата и на МВР во касарната Илинден.
Таа доаде дека и овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одлага пописот и да се проблематизира за да не се покаже дека кога државата сака да има попис, може да има попис
Ова е само нов предлог да се купи време и повторно да пропадне идејата за попис, изјави Шекеринска.