Седум припадници на паравоениот граничен корпус на Пакистан беа убиени при напад на милитанти во провинцијата Балучистан, соопшти војската. Нападот се случил во близина на контролниот пункт во Шариг.
„Областа е заградена, патиштата за бегство се блокирани за да се приведат виновниците кои бегаат, во тек е голема операција за пребарување“ се вели во военото соопштение.
Засега никој не преземал одговорност за нападот. Регионот во кој се случил нападот се граничи со Авганистан и Иран и досега честопати бил мета на насилство од исламистички милитанти .