Најмалку три лица се ранети при екплозија во раните утрински часови на Божиќ во американскиот град Нешвил, Тенеси. Надлежните велат дека ова е намерно изведен инцидент кој предизвика сериозна штета на историските значајни згради. Силната екплозија предизвика штета на неколку згради и една зграда целосно се урна во центарот на градот . Шефот на полицијата Џон Дрејк изјави дека досега нема потврдена информација за загинати од екпслозијата, но сепак, додаде дека полицијата истражува ткиво пронајдено на местото на експлозијата за кое се претпоствува дека е остаток од човек. Тој истакна дека од вчера не добиле никакви закани ниту знаци за некаков мотив за нападот.
„Експлозијата беше тотално изненадување за полицијата, немавме никакви претходни предупредувања“ изјави Дрејк.
Градоначалникот Џон Купер изјави дека трите ранети лица се во стабилна состојба во болница.
„Една зграда се уран, но градот имал „среќа“ што експлозијата се случи на божиќно утро, кога има малку луѓе во центарот на градот“ изјави тој.