Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 602 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни
работи.
Полицијата и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Казната за неносење заштитна маска на лице и на отворени јавни места изнесува 20 евра.