Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а дома се пуштени 29 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми, во ковид центарот во ГОБ '8 Септември' имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни“, соопшти МЗ.
Вкупно 448 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.
За 24 часа казнети 602 граѓани за неносење заштитна маска за лице
Утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.