Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на К-15, односно регресот за годишен одмор.
„Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор“, се наведува во соопштението од Синдикатот.
Димовски - Дел фирми немаат абер да ги исплатат субвенциите за плати
Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради Ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.