Францускиот претседател Емануел Макрон веќе не покажува симптоми на Ковид-19, соопшти денеска Елисејската палата. Со тоа може да заврши неговиот карантин, откако седум дена беше во самоизолација во претседателската резиденција.
Францускиот претседател минатата недела беше позитивен на тестирањето за коронавирусот. По објавувањето на резултатите од неговиот тест, повеќе дипломати и лидери на членки на Европската унија заминаа во самоизолација, бидејќи имале контакти со него.