Израел ќе ги одржи своите четврти избори во рок од две години откако владата предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху не го испочитува крајниот рок за буџетот. Израелскиот парламент, Кнесетот, автоматски се распушти на 23 декември, откако не успеа да го исполни рокот до полноќ на 22 декември за буџетот. Изборите ќе се одржат во март. Нетанјаху, на кој му се суди за корупција, и неговиот ривал Бени Ганц, меѓусебно се обвинија за падот на владата.
Иран го обвинува Израел за „терористички напад“ во кој беше убиен важен нуклеарен научник
По три неубедливи избори од април 2019 година, десничарскиот Ликуд на Нетанјаху, и центристите на Ганц, во мај формираа влада на единство за да одговорат на невидената здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Според договорот, Ганц, кој е министер за одбрана, требаше да ја преземе улогата на премиер од Нетанјаху на половина од нивниот мандат во ноември 2021 година. Критичарите велат дека Нетанјаху немал намера да го исполни докрај договорот. Коалицијата беше нефункционална од самиот почеток, предизвикана од недоверба, лични ривалства и длабоки разлики што само се интензивираа со текот на времето.