Тројца полицајци беа убиени, а уште еден е ранет синоќа по повик за насилство во изолирано село во центарот на Франција. Полицајците биле застрелани од 48-годишен маж кога се обиделе да и помогнат на жената која се засолнила на покривот на зградата, во близина на селото Сент-Жист, во областа Клермон-Феран. Полицајците беа повикани да интервенираат поради пријавеното насилство. Двајца жандарми отвориле оган кога се приближиле до куќата каде се засолнила загрозената жена. Едниот им подлегнал на повредите додека другиот, ранет, бил префрлен во болница. Човекот што пукал ја запалил куќата и повторно пукал кон жандармите кои биле околу куќата, при што други двајца биле смртно ранети. Загрозената жена е однесена на безбедно место и се испитува што се случило. Напаѓачот кој избегал и е познат на полицијата.