Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица, меѓу кои и двајца републиканци вклучени во истрагата за руско мешање на изборите во 2016 година и поранешни владини службеници вклучени во скандал со приватната безбедносна компанија Блеквотер во Ирак. Трамп најави помилување, што не е невообичаено за претседателот во заминување, иако тој сè уште одбива јавно да ја признае победата на демократот Џо Бајден, кој ќе положи заклетва на 20 јануари. Трамп го помилува Џорџ Пападопулос, поранешен дипломатски советник на Трамп за време на кампањата во 2016 година, кој призна дека го излажал ФБИ за контакти со медијатор кој ветил дека ќе го поврзе со руски претставници.
Американски сенатори бараат одговор на сајбер нападот за кој се обвинуваат руските хакери
Помилуван е и холандскиот адвокат Алекс ван дер Зван, кој исто така беше осуден како дел од истрагата за руската вмешаност во изборите. Меѓу помилуваните вчера се и поранешните републикански членови на Конгресот Данкан Хантер од Калифорнија и Крис Колинс од Њујорк, кои беа меѓу првите кои ја поддржаа претседателската кампања на Трамп во 2016 година. Трамп исто така ги смени казните за пет лица, вклучувајќи го и членот на Претставничкиот дом Стив Стокман од Тексас.