Минатата недела во светот беа потврдени над 4,6 милиони случаи на инфекции со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
Според соопштението од СЗО, од 14 до 20 декември во светот се регистрирани 4.612.790 новоинфицирани со коронавирусот, а како резултат на оваа инфекција умреле 79.001 лице. Повеќето новозаразени се регистрирани во Северна и Јужна Америка, над 2,3 милиони. Во Европа, истовремено, минатата недела имаше најголем број на смртни случаи од почтокот на пандемијата, над 36.000.