Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Русија распоредува војници во Централноафриканската Република по заканите од пуч

Централноафриканската Република соопшти дека Русија и Руанда распоредиле стотици војници во оваа нестабилна земја, по заканите за можен државен удар во пресрет на претседателските и парламентарни избори.


Владата ова го соопшти денеска, два дена откако го обвини поранешниот претседател Франсоа Бозизе за заговор за државен удар, откако сојузот на бунтовнички групи почна марш кон главниот град Бангуи.


Портпаролот на силите на ОН во земјата рече дека бунтовничките групи се потиснати и оти ситуацијата е „под контрола“.


Бозизе негира дека подготвувал државен удар против претседателот Фаустин-Арханг Туадера.


Тој дојде на власт во 2016 година, а на изборите на 27 декември се бори за втор мандат.


Највисокиот суд во земјата ја отфрли кандидатурата на Бозизе.


Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов ги отфрли тврдењата дека Москва испраќа војска во земјата.


„Ние не испраќаме војска, ние се придржуваме до сите резолуции на ОН“, изјави тој за Интерфакс.


Сепак, тој забележува дека Русија од претходно има испратено воени инструктори во земјата според договорот за воена соработка.

„Така што нашите луѓе се таму, природно“, рече Богданов.


Претходно, портпаролот на руската влада Дмитриј Песков рече дека Москва „испратила неколку стотици војници и тешко вооружување“ во рамки на договорот за билатерална соработка меѓу Москва и Бангуи.

Руанда „исто така испрати неколку стотици луѓе, кои се на терен и почнаа со борбите“, рече Песков.


Руанда соопшти дека распоредила „заштитни сили“ во Централноафриканската Република, откако нејзините војници, кои се дел од мировните сили на ОН, биле нападнати од бунтовниците.


Русија во изминатите години негува блиски врски со Централноафриканската Република, која е една од најсиромашните земји во Африка, иако е богата со ресурси како дијаманти и ураниум.


Фејсбук минатата недела соопшти дека идентификувал ривалски кампањи за дезинформации во пресрет на изборите, кои биле организирани од лице со поврзаност со француската армија и со рускиот богаташ Евгениј Пригожин, за кого се верува дека ја контролира Вагнер груп, една од најпознатите руски приватни воени компании.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus