МОН: Не се укинува предметот историја туку се интегрира
„Преку интегрирање на содржини од историја, граѓанско образование и географија, наставниците по овие предмети продолжуваат да работат во училиштето, но сега заеднички ја планираат наставата, ги поврзуваат општествените појави и процеси, а учениците ги учат од различни перспективи. Исто така, концепцијата за основно образование ја дава „рамката“ според која се планира основното образование и документ не ги брише содржини од наставните предмети, ниту пак предвидува менување на содржините од предметот историја“, се вели во реакцијата на МОН.
Од Министерството додаваат дека овој модел не е новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем и како пример го наведуваат предметот природни науки до шесто одделение.