Напаѓачот од синагогата во Хале доби доживотен затвор
Балиер призна дека се обидел да влезе во синагогата каде десетици еврејски верници го одбележуваа фестивалот Јом Кипур на 9 октомври 2019 година. Откако не можеше да влезе во зградата, тој уби една жена што беше во близина и еден маж во продавницата за ќебапи.
Ова се смета за еден од најлошите антисемитски напади во Германија од Втората светска војна. За време на неговото петмесечно судење, Балиет не изрази жалење за оние што беа мета и го негираше холокаустот. Злосторствата насочени кон Евреите и јудаизмот во последните години бележат постојан пораст во Германија.