Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020 тестирани се вкупно 15.857 материјали за ковид, што е намалување од 9,2 отсто во однос на минатата недела. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани во овој период изнесува 34,8 проценти, што е намалување од 2 отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години во групата од 20-29 . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и во групата од 10-19 години.
Примени нови 40 пациенти со ковид во болниците во Скопје
Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4 проценти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.