Рускиот опозициски активист Константин Котов кој беше во затвор поради повеќекратно учество во протести денеска е ослободен по одлежување на затворката криза. 35 годишниот програмер Котов беше приведен на 10 август лани поради учество во протест на опозицијата на кој се бараше независни кандидати да бидат ставени на гласачкото ливче на изборите во Москва кои се оддржаа во септември минатата година.
Првично тој беше осуден на 4 години казна затвор, по што во јавноста беше предизвикана бурна реакција за големината на казната. Во јануари годинава претседателот Владимир Путин после протестите предизвикани поради затворската казна, му нареди на јавниот обвинител да ја раззгледа законитоста на изрекувањето на казната. Уставниот суд подоцна донесе одлука со која се врати на повторно разгледување пресудата по што казната му беше намалена на две и пол години, при што во неа беше пресметан и притворот.
Денеска тој е ослободен и тврди дека е невин, нарекувајќи го неговиот случај политички монтиран.