Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 465 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непичитување на оваа мерка за заштита од коронавирусот, која важи и на отворени јавни места, изнесува 20 евра.