Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на заразени со коронавирусот. Починати се 28 лица од Ковид-19, а регистрирани се 1068 оздравени пациенти.
Од новозаразените најмногу се од Скопје или 417 случаи. Од починатите, најмладиот пациент има 22 години, а најстариот 83 години. Двајца се починати вон болнички услови, а 26 во болнички услови.
Најмногу починати, шест пациенти се од Прилеп, потоа пет од Скопје, тројца од Битола, двајца од Струга и од Кратово, по еден од Куманово, Дебар, Велес, како и Кавадарци, Гостивар, Радовиш, Крушево, Кочани, Пробиштип и Кичево.
Хоспитализирани 1313 заболени од коронавирус
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468.