Ветото на Бугарија за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ е неодговорна и тешка геостратешка грешка. Остануваме посветени за решение убедени дека е можно без оспорување на македонскиот идентитет, истакнува меѓу другото премиерот Зоран Заев во обраќањето до граѓаните. Тој рече дека со ветото Бугарија го прекршила Договорот за добрососедство и оти соседната земја „не собра сила да се однесува европски“.
Каква е одговорноста на македонската влада за блокадата од Бугарија?
„Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство“, рече Заев.
Тој вели дека одбиле да преговараат „за работи за кои не смее ни да се разговара“.
„Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија“, вели Заев.
Тој посочува дека Македонија останува посветени на барањето решение со соседна Бугарија.
„Тоа ќе биде решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет“, вели тој, ветувајќи продолжување со реформите.